Брокулата ја киниме на тенки парчиња и ја вариме. За тоа време го пропржуваме пилешкото во тавче. Кога ќе биде готово, ја пропржуваме и сланината.
Кашкавалот го сецкаме на мали коцкички и сите состојки ги ставаме во тава
Откако ќе ги распоредиме состојките, го правиме бешамелот.
Ставаме една лажица брашно во загреано масло и со постојано мешање го додаваме млекото. Додаваме една лажица мешан сув зачин и бешамелот е готов. Го преливаме врз состојките во тавчето и го ставаме тавчето во рерна на 180 степени на 15 до 20 минути.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови