Пилешко со печурки во бел сос
Пилешкото со печурки во бел сос е навистина вкусен ручек, кој топло ви го препорачувам за вашите трпези.
1.Измиениот пилешки стек го сечеме на коцки, истото го правиме и со шампињоните.
2. Се запржува на зејтин пилешкиот стек заедно со 1 лажица сенф и зачин од сушен зеленчук. После кратко време се додаваат и печурките во месото. Се запржува кратко.
3.Се полева со павлаката за готвење. Смесата ја истураме во тавче и ставаме во рерна на 220 степени. После половина час одозгора го ставаме кашкавалот. Јас ставаив ајдамер исечен на ленти, поросуваме со оригано и враќаме во рерна за да се стопи кашкавалот.
Едноставен и вкусен ручек. За прилог не подготвив ништо бидејки оваа количина на месо и печурки беше сосема доволна.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
На здравје!