Пилешко Жилиен
Најпрво стекот се вари некои 15на мин. при што се внимава да не е преварен, ами само да омекни. Пред крајот на варењето се посолува. Доколку користите мариниран, прескокнете го посолувањето. Потоа, се остава да подизлади и се сечка на коцки со одприлика 1,5 см.
Во поголема тава се запржува сецканиот праз, да стани стаклест, потоа се додаваат ситно сецканите шампињони (Не ги барајте на слики. Јас дискретно ги занемарив : ) ) и местото и да се испржи (некои 15на мин.). Доколку немате праз, можи да замените со 2 главици кромид. Пред крај на пржењето се додава и ситно сецканото лукче.
Додајте го доматното пире и пржете додека подиспари течноста, па потоа додадете го виното. Оставете на тивко да крчка додека испари и се добие на густина на сосот.
Содржината истурете ја во ќерамичка тава.
Во посебен сад изматете ги убаво јајцата и павлаката и вмешајте го ренданиот кашкавал. Малку, по потреба посолете.
Смесата прелијте ја врз месото во тавата и ставете ја во загреана рерна на 200С да се печи 15-20 мин. додека течноста не испари и одозгора се формира коричка.
Се служи и топло и ладно со чаша добро бело вино (односно, шишето кое сме го отвориле за готвењето не смее да изостани : ) )
Лиценца: Сите права се задржани
Ви благодарам на сите :) Јадењево е прекрасно и кога имате прилика и намера ви го препорачувам да го пробате :)
ж ма пел лудо. ж суи ан елев (се викам лудо, јас сум ученик)
сет ен уазо (тоа е птица), шјен (куче), шат (мачка)
ил е нуар (тоа е црно)
ете, види дали мое ова да го додадеш во некој рецепт :) :) :) :)