Оризот го вариме во вода која по количина е дупло. Јас го истурив во голема мерилка го измив во неа, а потоа го претурив во тенџерето и во мерилката наполнав вода дупло од неговата зафатнина. Кога ќе ја испие целата вода е готов, зачинете го само со не солена мешавина од зачини.

Пилешкото го пржиме исецкано на коцки и него го зачинуваме со несолени зачини. Кога е испржено ја додаваме и на ленти исецканата пршута само кратко да пушти мирис. Ја истураме кесичката крем супа од печурки и налеваме со вода, по малку додаваме со цел да ја постигнеме саканата густина. Оставаме да се крчка неколку минути. Кога е готово ја додаваме и павлаката. Убаво промешуваме.

Го поделуваме оризот во четири големи чинии. Па со влажна лажица оформуваме прстени од ориз. Потоа од сосот со пилешко ставаме во средината на прстените. Најгоре поросуваме сув магдонос.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови