Пикантни кифли со кулен
Пикантни, вкусни, меки како душа кифлички
Во млакото млеко се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно.
Убаво се промешува и нека одстои 5 минути.
Потоа во вангличка се соединуваат сите состојки и се замесува средно тесто кое не се лепи на рацете.
Се оставаа да кисни 20 минути.
Потоа се дели на 3 топки.
Се расукува од првата топка коричка, која тенко се премачкува со свинска маст.
На почетокот на кората се ставаат танки листови кулен по 5
Се витка во ролат, но на половината пак се ставаат парчиња кулен и се витка ролатот до крај.
Со остар нож се сечат парчиња широки по 2 см.
Со пресечената страна се редат на горе.
Така постапив и со 2 топка тесто.
Третата топка само ја расукав, ја премачкав со маст, завиткав во ролат и сечев парчиња кои ги редев во намастен калап за мафини.
Готовите кифлички се премачкуваат со изматено јајце и се наросуваат со црн сусам.
За 10 минути се ставаат во загреана релна на 200 степени и се печат да заруменат.
Лиценца: Сите права се задржани