6
дек
2015
Пикантна манџа (посно)
Вкусна пикантна манџа која ќе ве стопли и засити во овие посни денови.
Подготовка
Морковот го сечкаме на кругови. Лукчињата, стебленцата, а може и листови целер на ситно и ги ставаме на масло да се запржат. Додаваме брашно, куркума и кари зачин, кратко да се упржат, па ги додаваме компирите исечкани на коцки. Налеваме 1,5 литар вода и оставаме на тивок оган да врие. При крај на вриењето кога веќе компирите ни се скоро варени го ставаме грашокот и зачините, а сосема на крај сечканиот магдонос.
Лиценца: Сите права се задржани