Едноставна, вкусна, посна пица од состојки што се нашле по дома. И велат не е пица ако нема кашкавал, е па наречете ја како си сакате, ама за време на пости ептен гозба се прави со вакво јадење.

Од сите состојки за тесто замесуваме средно меко тесто, кое го оставаме да стаса, да се дуплира. Откако ќе стаса почнуваме да ја загреваме рерната на 250 степени или колку ви е највисоката температура.
Од тестото формираме 4-5 топчиња, од кои со помош на сукало развлекуваме кругови во големина на тавчето во кое ќе ја печеме пицата. Секое тавче го набрашнуваме. Го ставаме кругот од тесто и врз него редиме неколку лажици од апетитката, сечканите печурки и маслинки, сечканиот праз во кругови и наросуваме со оригано. Печеме на најниската решетка во рерната. Внимаваме да не ни загори и откако ќе ја ставиме пицата може и малку да ја намалиме температурата, ама тоа зависи и од рерната.
Забелешка
Може да се направи и само со бело брашно, ама мене и на домашните ни е многу повкусна кога во тестото ќе ставиме и малку интегрално брашно.
Доколку не сте правеле или немате апетитка можете да ставите кечап или салце и некој круг сечкана пиперка.
Рецепт за апетитка има овде 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани