Чизкејк со боровинки
Се мешаат шеќерот и мелените бисквити, па им се додава стопениот путер и повторно се меша додека не се навлажнат сувите делови. Смесата се натапкува на дното и малку на страниците во огноотпорен сад бр.26. Рерната се загрева на 160С. Се спрема кремот од ванила. Крем сирењето се мати со шеќерот, па се додава ванилата и постепено претходно разматените јајца со жица или вилушка. Смесата се истура врз подлогата и се става да се пече околу 25 минути. Откако е печена се спрема филот од боровинки. Се пасира овошјето и заедно со шеќерот и најмалку половина од водата се става на умерена рингла да се вари. По 5 минути се додава раматеното нишесте во останатата вода и се меша додека згусти. Густината треба да е како фарситура, густа, но сепак течна. Ако користите оранжериски боровинки додадете лимон шеќер и ви препорачувам 2 пакетчиња или пак кора и сок од лимон. Шумските си имаат појак и подобар вкус сепак. Делот од боровинки се премачкува врз ванила делот и откако ќе олади врз него се премачкува со изматена слатка павлака, па се украсува по желба. За убави парчиња препорачливо е тортата да отстои во фрижидер неколку часа или преку ноќ.