Подготовка:

1. Мелената плазма ја мешаме со стопениот путер и смесата ја настапуваме на дното од калап за чизкејк (15цм). Го оставаме калапот во фрижидер.
2. Боровинките заедно со 50г шеќер и една лажица сок од лимон ги ставаме на оган. Вариме 15 минути. Тргаме од оган и ги процедуваме низ цедалка. Процедениот дел (сокот) го ставаме во еден сад, а остатокот од боровинките од цедалката во посебен сад.
3. 250гр крем сирење го мешаме со 100гр шеќер, 100гр павлака и една лажица сок од лимон. 120мл слатка павлака ја матиме и ја додаваме во смесата со крем сирење. Додаваме 8г растопен желатин и мешаме убаво.
4. Одвојуваме околу 200гр од добиената смеса и ја тргаме на страна, а во остатокот од смесата го додаваме процедениот сок од боровинки и мешаме убаво. Вака добиениот фил го додаваме во калапот и го враќаме во фрижидер.
5. Остатоците од боровинките што ги цедевме, ги мешаме со 80мл вода, 60гр шеќер, малку сок од лимон и загреваме кратко (до пред да зоврие). Добиената смеса уште еднаш ја процедуваме и во неа го додаваме остатокот од желатинот (набабрен, 2гр). Откако ќе се олади оваа смеса ја додаваме во калапот врз првиот фил. Го враќаме калапот во фрижидер кратко да се стегне 15-20 минути.

На крај го додаваме филот со крем сирење кој го одвоивме претходно (околу 200гр). Треба да отстои минимум 6 часа во фрижидер пред да се сече.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови