Печени пиперки со рен
За оваа зимница е потребно убаво созреана месната пиперка, нека е и поситна, но да е месната.
-Најпрвин спремете го филот. Изрендајте ги морковот, целерот, ренот... (доколку немате корен од целер, тогаш можете да ставите листови од целер кои ситно сте ги исечкале ). Лукот насецкајте го, додадете и насецканиот магданос. Додадете ги сите останати состојки и измешајте. Оставете настрана да стои.
- Испечете го пиперот, излупете и извадете семето.
Секоја излупена и од семето исчистена пиперка додека е топла лесно поминете ја низ филот, премачкајте ги со него - ставајте настрана во садот во кој ке треба да одстојат 4 часа. Нема многу фил да се залепи за пиперката и тоа да не ве загрижува. Значи, вака сите пиперки поминати низ филот ги оставате да одстојат 4 часа. Потоа редете во тегла, а измегу нив ставајте од остатокот од филот. Со сафтот кој го пуштиле пиперките залијте ги, теглите затворете ги. Складирајте ги кај преостанатата зимница.
Ќе се праша можеби некој зошто се не се одеднаш измеша, нека одстои и да се собере во тегли. Нема пречка, почнав и јас така да ги правам... погоре напишаниот начин околу пиперките и филот е се заради тоа да се редат пиперките, па измегу нив фил... така имаат поубав изглед, на око теглите поубави, шарени... ништо не смета доколку одлучите да во веке спреманиот фил едноставно ги ставате пиперките, измешате и нека одстојат 4 часа...
Превкусни пиперки, ренот го прави своето да кога се јадат незнаеш сто е повкусно.. дали пиперката или филот со ренот... Ова е целосен рецепт, а можете слобнодно да делите доколку ви се чини дека е многу. За мене секогаш се малку...
Нека ви е слатко,
Совет
Кој сака да бидат пикантни- додадете уште еден корен од ренот. А за да не ве лути кога ќе го рендате, направете како и јас, ставете ги исчистените корени рен ден пред да ја спремате оваа салата во замрзнувач, па замрзнати рендајте ги, нема да осетите дека рендате рен.
Лиценца: Сите права се задржани