15
авг
2015
Печени копанчиња со италијански зачини и зеленчук
Едноставен , вкусен, лесен ручек.
Пробајте
Прво во една зделичка се ставаат лимоновиот сок, маслиновото масло, италијанските зачини, сол, бибер, зачин.
Убаво се промешува.
Секое измиено копанче се потопува во оваа маринада.
Дното на пекач се постила со кришки излупен компир, коцки од тиквичка и парчиња црвен домат.
Врз зеленчукот се редат маринираните копанчиња.
Се налива виното и малку вода.
Се крчкаат на тивко околу 1час и 30 минути, односно додека не заруменат.
Сервирајте и уживајте.
Лиценца: Сите права се задржани