Испечати

Печени копанчиња со италијански зачини и зеленчук

Печени копанчиња со италијански зачини и зеленчук

Состојки

  • 8 копанчиња
  • 1 лажица мешавина на италијански зачини( оригано, босилек, рузмарин, мајчина душичка)
  • 1 лажиче сок од лимон
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол, бел бибер, зачин
  • 50мл бело вино,50 мл вода
  • 1 мала тиквичка
  • 2 црвени зрели домати
  • 4 компири

Подготовка

Едноставен , вкусен, лесен ручек.
Пробајте

Прво во една зделичка се ставаат лимоновиот сок, маслиновото масло, италијанските зачини, сол, бибер, зачин.
Убаво се промешува.
Секое измиено копанче се потопува во оваа маринада.
Дното на пекач се постила со кришки излупен компир, коцки од тиквичка и парчиња црвен домат.
Врз зеленчукот се редат маринираните копанчиња.
Се налива виното и малку вода.
Се крчкаат на тивко околу 1час и 30 минути, односно додека не заруменат.
Сервирајте и уживајте.