
9
апр
2013
Печена банана
Ова не е некој си рецепт, ама вкусни така спремани бананите, па зошто да не ви кажам што денес за дечињата спремив. Значи вака
- Бројот на бананите и чоколадата зависи колку гости ќе послужите
- Фолија исто потребно толку колку што треба за да се завиткат бананите
- Расечете ја бананата по средината, ставете по една коцка чоколада или една од бела и една црна чоколада, завиткајте ја бананата во фолија - ставете во рерна да се подпече. Готова е кога кората е е поцрнета.
- Отварајте фолијата, поставете на чинија, лажица во рака и сладете се
Ова не само за дечињата, може комотно да послужи десерт и за возрасните....
Лиценца: Сите права се задржани