
Пастрмајлија со димено месо
Подготовка
1. Се замесува меко тесто. Се остава да нарасне(додека не нарасне дупло). Потоа тестото се дели на четири дела. Се формираат топчиња и се оставаат уште десетина минути да нараснат.
2. Од топчињата од тесто се развлекува пита. Околу неа, од тестото се оформува венец. Врз тестото се редат парчињата свинско месо и сецканото димено месо. Се додава една полна лажица свинска маст и се распоредува низ целата пита. Се става да се пече во загреана рерна на 250 степени .
3. Откако ќе ја извадиме од рерната , венчето на пастрмајлијата се премачкува со свинска маст , се завиткува во мрсна хартија и во чаршав и се остава да омекне.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани