Испечати

Пастрмајлија со димено месо

Пастрмајлија со димено месо

Состојки

  • 1 кг. брашно
  • 1 квасец(40гр)
  • 1 пециво
  • 2-3 лажици сол
  • 2-3 лажици шеќер
  • 100 мл. газирана вода
  • 100 мл. масло
  • по потреба топла вода да се замеси средно меко тесто
  • фил
  • 300 гр. сецкано свинско месо
  • 300 гр. димено месо
  • сол, бибер, буковец, мешан зачин по вкус
  • 2-3 лажички свинска маст

Подготовка

Подготовка

1. Се замесува меко тесто. Се остава да нарасне(додека не нарасне дупло). Потоа тестото се дели на четири дела. Се формираат топчиња и се оставаат уште десетина минути да нараснат.

2. Од топчињата од тесто се развлекува пита. Околу неа, од тестото се оформува венец. Врз тестото се редат парчињата свинско месо и сецканото димено месо. Се додава една полна лажица свинска маст и се распоредува низ целата пита. Се става да се пече во загреана рерна на 250 степени .

3. Откако ќе ја извадиме од рерната , венчето на пастрмајлијата се премачкува со свинска маст , се завиткува во мрсна хартија и во чаршав и се остава да омекне.

Добар апетит!