Пастичо со праз и козја рикота
Еве една идеја од мене за вкусно пастичо. Секогаш може да се спрема со состојки кои ќе си ги одберете по ваша желба и ќе имате супер вкусен оброк. Во согласност на темата, се одлучив за овие состојќи.
1. Празот исецкајте го и ставете во тава со малку маслиново масло да се подзапржи. Додајте малку вода и оставете да се продинста додека испари водата. Посолете.
2. Ставете ги шпагетите да се варат во солена зовриена вода.
3. За тоа време спремајте го бешамелот. Во тава ставете го путерот да се растопи. Додајте го брашното и мешајте додека добие бледо кафеава боја. Ставете го млекото и мешајте додека се згусти. Додајте ја куркумата, сол и бибер. Во бешамелот додајте го половина од претходно спреманиот праз и изблендирајте со рачен блендер. Сварените шпагети убаво исцедете ги.
4. Во мала тава(јас ја користев малата ростер тава на Делимано) ставете малку од бешамелот.
Потоа ставете половина од шпагетите. Нанесете половина од бешамелот, преостанатиот праз и рикотата. Одозгора ставете ги преостанатите шпагети, бешамелот и на крај грана сирењето. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 25 минути, или додека фати коричка.
Испеченото пастичо оставете го да подолади и послужете.
Кај нас не се чекаше многу за да подолади затоа и не се толку убаво исечени парчињата. На последната дополнителна слика има парче од поубаво оладеното пастичо.
Забелешка
Ако сакате да има благ вкус на рузмарин, веднаш штом ќе го извадете од рерна ставете одозгора неколку гранчиња свеж рузмарин и покријте убаво со по големина ист сад или капак.
Лиценца: Сите права се задржани