
15
јун
2013
Паприкаш со шампињони
Посна чорба пред се, особено корисна во текот на пости кога сме ограничени со внес на разна храна од животинско потекло, со додаток на пармезан е мрсната верзија.
Кромидот и празот, се сечкаат ситно, морковите се рендаат, компирите се сечкаат на коцки, а шампињоните на четвртинки. Во сад со малку маснотија се пржат кромидот и празот,да омекнат и добијат т.н. стаклест сјај, се додаваат морковите, компирите и печурките, заедно да пропржат, се става пиперот, водата, следуваат зачините и на крај соја сосот. Се вари на тивко со поклопец.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови