Паприкаш со шампињони
Состојки
- 300гр. шампињони
- 1 парче праз
- 2главици кромид
- 2 моркови
- 2 компири средно големи
- 2 лајци соја сос,магдонос,сол,црн пипер
- 10гр. пармезан трошки(по желба)
- 500гр. вода
- 1 лајче пипер за манџа
Подготовка
Посна чорба пред се, особено корисна во текот на пости кога сме ограничени со внес на разна храна од животинско потекло, со додаток на пармезан е мрсната верзија.
Кромидот и празот, се сечкаат ситно, морковите се рендаат, компирите се сечкаат на коцки, а шампињоните на четвртинки. Во сад со малку маснотија се пржат кромидот и празот,да омекнат и добијат т.н. стаклест сјај, се додаваат морковите, компирите и печурките, заедно да пропржат, се става пиперот, водата, следуваат зачините и на крај соја сосот. Се вари на тивко со поклопец.