Подготовка

1. Јајцето изматете го со жица. Додајте ги шеќерот и јогуртот. Измешајте добро, па додајте го и ренданото јаболко. Измешајте со лажица. Додајте ги брашното и пецивото и измешајте до соединување. По желба може да додадете и рендана кора од лимон, цимет, ванила..
2. Тавата за палачинки премачкајте ја со малку масло. Ставете една-две лажици од смесата и пржете приближно по 2 минути од двете страни.
Превкусни се и без никакви додатоци, а моја омилена комбинација за секакви видови на палачинки е свежо овошје и јаворов сируп. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани