Подгответе една големо длабоко тавче со капак во кое ке ја спремате паељата.
Во едно помало тавче на масло пропржете ги коцките сланина и кобасицата, малку да заруменат. Додајте ги исечениот кромид и пиперка и на не многу јак оган пржете десетина минути зеленчукот да омекни.
Во тавата каде ќе ја спремате паељата испржете ги коцките пилешко месо да заруменат, додајте ги месото и зеленчукот од помалото тавче, коцките исечен домат и кратко пропржете. Сега додајте ги виното, водата, коцката за супа и сите зачини, посолете, побиберете по вкус. Покријте ја тавата и нека се динста дваесетина минути.
За тоа време ракчината помешајте ги со сокот од лимон, ориганото, маслото, додајте малку сол и бибер и оставете во фрижидер.
Отворете ја тавата, додајте го оризот и измешајте. Нека врие непокриено на посилен оган 5 - 10 мин. Не мешајте. Кога оризот малку ке набубри и ке се подигни на површина додајте ги ракчината и грашокот, исто и леблебијата и школките ако ги ставате. Не мешајте, само турнете ги со лажицата подлабоко во тавата. Намалете ја ринглата на тивко и варете додека оризот не ја упие цела течност, не омекне и не се свари грашокот. Ако брзо се упие течниста а јадењето не е готово, сипете одозгора неколку лажици вода и кратко варете го покриено. Ке треба сами да оцените.
Кога е готово, посипете со сецкан магдонос, ставете одозгора неколку кришки лимон и послужете жешко.
Рецептот е адаптиран од книгата на Julia Child "The French Chef Cookbook"

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови