Испечати

Паеља по Џулија Чајлд

Паеља по Џулија Чајлд

Состојки

  • 200 гр немасна сланина или чадена шунка исечена на коцки
  • 300 гр Чоризо кобасица, или друга пикантна кобасица, кратко обарена во вода и исечена на подебели кругови
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 шоља на ребра исечен кромид
  • 1 шоља на ребра исечена црвена или зелена пиперка
  • 300 гр бело пилешко месо исечено на коцки
  • 1/2 шоља суво бело вино или Вермут
  • 4 1/2 шољи вода
  • 2 коцки за пилешка супа
  • 1/2 лажичка шафран
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1/4 лажичка мелен коријандер
  • 1 ловоров лист
  • 1/2 лажичка оригано
  • 1/2 лажичка мајчина душица
  • 3 чешнина лук, ситно исецкани
  • по вкус сол, бибер
  • Додатоци
  • 300 гр исчистени ракчина
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1/4 лажичка оригано
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 - 3 средно големи домати, излупени, семките извадени, исечени на мали коцки
  • 1 шоља грашок
  • по желба школки, обарена леблебија
  • И уште
  • 2 шољи ориз со долго зрно
  • 2 - 3 лажици ситно сецкан магдонос

Подготовка

Подгответе една големо длабоко тавче со капак во кое ке ја спремате паељата.
Во едно помало тавче на масло пропржете ги коцките сланина и кобасицата, малку да заруменат. Додајте ги исечениот кромид и пиперка и на не многу јак оган пржете десетина минути зеленчукот да омекни.
Во тавата каде ќе ја спремате паељата испржете ги коцките пилешко месо да заруменат, додајте ги месото и зеленчукот од помалото тавче, коцките исечен домат и кратко пропржете. Сега додајте ги виното, водата, коцката за супа и сите зачини, посолете, побиберете по вкус. Покријте ја тавата и нека се динста дваесетина минути.
За тоа време ракчината помешајте ги со сокот од лимон, ориганото, маслото, додајте малку сол и бибер и оставете во фрижидер.
Отворете ја тавата, додајте го оризот и измешајте. Нека врие непокриено на посилен оган 5 - 10 мин. Не мешајте. Кога оризот малку ке набубри и ке се подигни на површина додајте ги ракчината и грашокот, исто и леблебијата и школките ако ги ставате. Не мешајте, само турнете ги со лажицата подлабоко во тавата. Намалете ја ринглата на тивко и варете додека оризот не ја упие цела течност, не омекне и не се свари грашокот. Ако брзо се упие течниста а јадењето не е готово, сипете одозгора неколку лажици вода и кратко варете го покриено. Ке треба сами да оцените.
Кога е готово, посипете со сецкан магдонос, ставете одозгора неколку кришки лимон и послужете жешко.
Рецептот е адаптиран од книгата на Julia Child "The French Chef Cookbook"