Освежителен десерт со малини
Овај десерт е брз и многу освежува посебно затоа што се конзумира ладен доста декоративен и одлична замена за колач во овие жешки денови, топло го препорачувам.
Малините се блендираат во блендер заедно со шеќерот, во нив се додава и ликерчето од малини и веднаш се става во ладилник, понатаму се бие со миксер слатката павлака и таа оди во фрижидер, секако потребен ви е и сладолед, јас од онај кремаст малина сладолед ставам (претходно го имав објавено), но можe и каков било овошен да искористите кој ви се наоѓа во ладилник.
Чашите во кои ќе се служи исто така треба да се ладни, но да започнам по ред со полнењето сега, по 1 супена лајца се става од малина сирупот со ликер, следува дел со слатка павлака, парче сладолед, се реди така се до врв цела чаша и повторно уште малку се враќа во ладилник, потоа уживајте го десертот.
Е сега знам дека ви останав должна за ликерот од малини, кој е во домашна верзија, но тоа си е посебна приказна која ќе ја пратам дополнително..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови