30
јан
2020
Орасници со портокал и чоколадо
Орев, чоколадо, портокал, во белки ...Комплетно, крцкаво и вкусно уживање во зимскиве денови...
Подготовка
1. Белките заедно со шеќерот ги матиме додека убаво да згуснат.
2. Ги додаваме брашното мелените и сечканите ореви.
3. Промешуваме па ги додаваме чоколадните капки и кората од портокал, па соединуваме.
4. Формираме полумесечинки кои ги валкаме во сечкани ореви.
5. Печеме во загреана рерна со вентилатор на 100 степени.
Лиценца: Сите права се задржани
Ти благодарам Јована:) Сама си ги правам , земам од смесата со лажица, на навлажнети дланки формирам нежна прачка, која ја валкам во сечкани ореви, формирам потковица и потоа во тавче. Бидејќи смесата е многу осетлива за работа треба да се внимава и нежно да се формираат вакви форми...А ако не ви оди вака, може и само со лажичка да се ставаат како топчиња...:):):)