Орасници со портокал и чоколадо
Состојки
- 2 белки
- 200 гр шеќер во прав
- 130 гр мелени ореви
- 1 лажица брашно
- 200 гр сечкани ореви
- 50 гр чоколадни капки фантазија
- кора од 1 портокал
- за валкање
- 200 гр сечкани ореви
Подготовка
Орев, чоколадо, портокал, во белки ...Комплетно, крцкаво и вкусно уживање во зимскиве денови...
Подготовка
1. Белките заедно со шеќерот ги матиме додека убаво да згуснат.
2. Ги додаваме брашното мелените и сечканите ореви.
3. Промешуваме па ги додаваме чоколадните капки и кората од портокал, па соединуваме.
4. Формираме полумесечинки кои ги валкаме во сечкани ореви.
5. Печеме во загреана рерна со вентилатор на 100 степени.