Подготовка:

1. Кружното парче лубеница најдобро е да го исечeте од нејзината средина, кое ќе ни послужи како подлога, даска.

2. Останатото овошје, освен грозјето го сечкаме на тенки парчиња и врз парчето лубеница, украсно го редиме заедно со зрната грозје. Посипете одозгора со кокос.

3. Преливот за торти се подготвува спрема упатството и со него полека се прелива овошјето.

4. Сечете парчиња и уживајте во овошното задоволство.

*Би напоменала дека овде смоквите знаат добро да се залепат на лубеницата, со што се добива едно посебно вкусно задоволство.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови