25
авг
2021
Овошна даска Македонија
Ако сте прошетале надвор низ Европа или во некои поегзотични земји, голема е веројатноста во менијата на многу ресторани да сретнете салата Македонија. За разлика од кај нас, секаде под тоа име се препознава овошна салата, а не зеленчукова, како кај нас. Овошките кои се користат, се најчесто тропски, може да се стават киви, ананас, лубеница итн.
Припремата е едноставна, овошките се мијат, се сечат на парчиња и се редат на даската или чинијата за сервирање. Може да се сервираат во чаша за сладолед или друг помал сад.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови