Нутела Полжавчиња
Во голем сад се миксираат убаво путерот и шеќерот. Потоа се додава едното јајце, пак се миксира, па уште жолчката и повторно се миксира убаво. Во друг сад се мешаат брашното и солта. Потоа се додаваат на претходната смеса. И убаво се замесува тесто. Потоа тестото се дели на два дела, од кое првиот дел се сука во правоаголна форма, се мачка врз него еден слој нутела (не многу дебел) потоа врз тоа се става и другот дел од тестото кој исто е предходно изсукан во правоаголна форма. Се превиткува како ролат. Се витка со најлонска фолија и се става да одстои 1 час во фрижидер.
Пред да го извадите тестото од фрижидер, вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее. Спремате плех за печење со хартија за печење. На даска почнувате да сечете парчиња со остар нож. Ги ставате во плех да не се допираат многу и ги ставате да се печат 10 минути колку да заруменат од страните. Потоа ги вадите и ги оставате да се оладат па потоа ги сервирате. Најдобро одат со ладно млеко.
Пријатно јадење
п.с. Ако немате Нутела, може да ги премачкате и со мармалад или некој друг сладок намаз.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови