Новогодишни капи
Новогодишните капи беа идеја со повод и моја лична импровизација. Главен момент кога се осмислуваше, беше како да се добие убава црвена боја и вкусни колачи. Овој гел прелив го добив од една пријателка која професионално се занимава со слаткарство и најчесто оди во набавка на големо. Во малопродажба се уште не сум запознаена дали го има. Мислам дека добра замена би била, убав црвен и добро желиран мармалад за него.
Од наведените состојки направете компактна смеса. Кинете топчиња колку орев одприлика, а можи и помали ако сакате, обликувајте ги конусно за да наликуваат на новогодишните капи.
Оставете ги на ладно место (не во фрижидер) за убаво да се стегнат.
Стопете го чоколадото и секоја капа макнете малку ја со широкиот дел и веднаш намакајте ја во кокос.
Од неколку локуми и шеќер во прав направете си фондан маса од која ќе обликувате ситни топчиња за врвовите на капите, но не заборавајте и нив да ги намакате предходно во кокос.
Колачите брзо и лесно се прават, испаднаа солидно вкусни и декоративни за празниците и од срце ви ги препорачувам со слоганот на МоиРецепти - „на сите ни е потребна идеја во кујната...“ :)
Ви посакувам весели празници и успешна претстоечка година во сите полиња!
Лиценца: Сите права се задржани
http://www.youtube.com/watch?v=CzitrHeZ8gU