Новогодишни грицки со чиа, лен, сусам, семки од сончоглед и свинска маст
Сум правела најразлични грицки Овие ме пленија со својот вкус, можеби поради содржината на квасецот. Најчесто сум ги правела со пециво или без. Топла препорака да ги подготвите. Излегуваат 2 плеха, количински ги има многу.
Подготовка
1. Малку го загреваме млекото, додаваме шеќер и квасец. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Во вангличка се ставаат маста, белката, целото јајце, солта и се мати со миксер 1,2 минути. Со исклучен миксер го додаваме активиран квасец и брашното. Ги додаваме и семките, чиа, лен, сусам.
Месиме со рака да добиеме мазно, нелепливо тесто.
3. Тестото го делиме на 2 дела. Од нив сучиме правоаголник кори. Дебели од прилика 5,6 мм.
Со модлички вадиме формички по желба. Ги редиме во плех и одма ги печеме, значи не чекаме да стасуваат. Печиме околу 15 минути. Од кога ќе се изладат се чуваат во лимени кутии.
Лиценца: Сите права се задржани