
Непечен чоко куглоф
Подготовка:
1. Можи да изберете било какви бисквити или колачиња и било какви обланди со фил. Моите обланди беа со какао фил, а бисквитите беа филовани со чоколадо. Искршете ги во една вангла.
2. Оревите истолчете ги. Можи да ги кршите и нив и дел да сомелите, но најдобро е чинам да се толчени.
3. Во млекото сварете го пудингот. Штом е готов, додадете го путерот, со интензивно мешање, додека не стане мазен филот и веднаш истурете го во ванглата.
4. Измешајте се убаво и смесата истурете ја во калап за куглоф. Нека отстои неколку часа или преку ноќ и потоа извадете ја со превртување на рамна чинија.
5. Одозгора посипете мелен орев, кокос или украсе по ваша желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови