Непечен чизкејк
Свадба, како повод за тортата (како што ќе видите и по сликите), по желба на младоженецот Чизкејк во моја верзија.
1. За основата кексите измелете ги или ситно издробете ги, додадете ја ванилата и растопениот путер и убаво измешајте да добиете еднолична смеса. Во калап со бр 18 поставете најлон фолија (или калап со прстен) и израмнете ја убаво смесата. Ставете во фрижидер.
2. Во тава на оган ставете го шеќерот и оставете да се растопи за да добиете карамел. Лешниците (потпечени) ситно исецкајте ги. Додадете ги во добиениот карамел и веднаш претурете на алуминиумска фолија да се стегне.
3. Во сад за матење ставете го крем сирењето и шеќерот во прав и матете да се добие убава кремаста смеса. Желатинот растворете го со 3 лажици вода и оставете да набубри. Во крем сирењето додадете ја ванилата и лимончелото (или кората од лимон) и изматете. Желатинот растопете го на пареа или во микро и додадете го во кремот.
4. Во калапот нанесете половина од кремот и израмнете. Лешниците со карамел истолчете ги, но да има и покрупни парчиња, па распоредете ги од горе. Додадете го останатиот дел од кремот, убаво израмнете и оставете ја тортата во фрижидер убаво да се стегне (кај мене остана преку вечер).
Извадете ја од калапот и од горе нанесете го мармаладот (мармалад од вишни, правен по рецептот на Дани од минатото лето). Барем 30 мин. пред служење нека биде на собна температура.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Само од каде можам да најдам крем сирење (1кг)? Се утепав од барање секаде
http://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%B5%D1%9A%D0%B5