Непечена торта со крем банани
Млекото го ставаме на тивок оган заедно со шеќерот и пудинзите да се варат.
Кога ќе се згустат се трга од оган, ги додаваме бисквитите и оревите го покриваме со најлонска фолија за да не фати кора и се остава да се излади.
Ладно го биеме со маргаринот и ги додаваме сецкани крем бананите и бананите и убаво мешаме.
Смесата ја ставме во калап со обрач и ја оставаме во фрижидер 2-3 часа убаво да се стегни.
Потоа ја филоваме со шлагот од чоколадо и ванила и рендаме чоколадо и декорацијата за завршив со чоколадни топчина.
Овај десерт лани го направив за Велигден прв пат и затоа син ми ја вика велигденска торта.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови