Оваа препорака за овој убав мус од наут ја добив од сестра ми.
Прекрасен за оние кој го сакаат наутот.
Ја користев наут од конзерва,па ја искористив водата која стоеше во конзервата.
Одделив 200 гр наут и додадов малку од водата.
Во самата конзерва имаше парчиња на морков, лук и кромид.
Дополнително запржив ситно сецкани, па мозам да кажам и пасирани, лук и кромид.
Откако целосно омекнаа и се запржија ги помешав со пасираниот наут.
Зачинив со сол,сок од лимон и маслиново масло.
Мене ми се допадна премногу.
Може да се користи и како намаз,превкусно.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови