Овој десерт/пијалок е одличен против анемија. Можете слободно да ги прогуглате бенефициите од аронијата. Оваа храна е воедно и лек. Но има мал проблем, нејзиниот вкус. Таа е лесно киселкаста, доста блуткава и има доста остар вкус, па не може секој да ја консумира. Овој начин е одличен за да ги натерате најмладите да ја пробаат.

- Шлаг пената и половина од млекото ги матиме додека не добиеме добар цврст шлаг.
- Во блендер ја ставаме аронијата (ако најдете замрзната, оставете ја да се одмрзне) заедно со млекото и блендираме до еднолична смеса.
- Потоа ги соединуваме двете смеси и ги сервираме во чаши.
-Пред консумација оставете ги 10тина минути во фрижидер.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови