Мусака со пилешко месо
Месото со малку вода го ставаме да се динста, односно да се свари за да може да се одвои од коска. Го двоиме од коската и ситно го сечкаме.
На масло ставаме ситно сечкан кромид, рендан - а може и на коцки морков и лук, да се упржат, па го ставаме месото. Малку се упржува за да се поврзат вкусовите. Се додаваат зачините и магдоносот. Во тава редиме компири тенко исечени на кругови, ред од месото, па ленти кашкавал. Од истите состојки редиме по редослед и втор ред.
Залеваме со млеко и печеме во рерна на 200 степени. При крај на печењето се додава кисела павлака во која сме разматиле 2 јајца. Тавата ја враќаме во рерна и допечуваме без капак.
Во овој случај ручекот го готвев во огноотпорен сад со капак, ама одговара и малата ростер тава, а и кој било сад во кој си подготвувате.
Лиценца: Сите права се задржани