Една полесна (летна) варијанта на мусака. За оние кои си постите овој период, само одбегнете го преливот и добивате вкусно посно јадење.

1. Печурките исечкајте ги на парчиња и ставете ги малку да се запржат во тава на оган. Потоа извадете ги на страна. Во истата тава додадете го ситно сецканиот кромид да се пржи. Кога ќе омекне додадете го и протиснатото лукче. Потоа додадете ги и печурките, сенфот и зачините и промешајте за убаво да се соедини.
2. Компирите излупете ги и исечете ги на тенки кругови. Јас ги сечам потенки (околу 2мм) па доле ставам 2 реда. Тавата во која ќе печете намрсете ја малку, наредете еден ред компири и од горе ставете малку од зачини, а потоа наредете уште еден ред компири (или редете си на ваш начин). Ставете половина од филот, покријте со ред компири и другата половина од филот. Од горе наредете ги убаво компирите да нема празни места. Додадете малку водичка во тавата и ставете да се пече во загреана рерна.
3. Јајцата разматете ги заедно со млекото и малку сол и пред крај прелијте ја мусаката. Вратете да се допече уште кратко па извадете и оставете малку да се олади пред да послужите.

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани