15
мар
2012
Мрзливи брзи праски
-Од сите состојки (без екстратите) се меси тесто.
-Се прават топчиња колку орев и се редат во плех.
-Кратко време се печат, да не потемнат.
-Потоа едно со друго ги лепиме со мармалад.
-Залепените колачи ги макаме во садовите каде се разредени екстратите со малку вода.
-И на крај, во шеќер кристал.
-Иако делуваат едноставни и има мешавина од вкусови со екстратите, баш тоа ги прави да се многу вкусни. Па пробајте кога ви се брза а ве мрзи да ги длабите, направете ги вака, нема да зажалите.
-Добар апетит!
П.С.> Овие на сликата ги шараше мојата ќерќичка, која ми беше помошник хехе
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
треба ли брашно за овие чудесии? зјапам ама не ми е јасно дали треба или не.
ако треба додади количина на она ИЗМЕНИ до насловот што стои и дозволи ни да се накемиме ко луѓе :) :) :) :)
јас добро ги пишам артиклите, ама се нешто фали кога ќе излезат.
пред малку вршев дополнување, ама ете, брашно не приметив дека немало хехе
ајде, нафрли ми уште некој лесен рецепт :)
еве баш сега излезе уште еден, брз. лесен и вкусен- на здравје!