Мрзливи брзи праски
Состојки
- 1 шола мала масло
- 3 екстракти (малина, ментол, крушка)
- 1 пециво
- 1 шола мала шеќер
- 3 јајца
- 1 ванила
- 1 рендана кора од лимон
- 500-700гр брашно (во зависност од големината на шолата)
Подготовка
-Од сите состојки (без екстратите) се меси тесто.
-Се прават топчиња колку орев и се редат во плех.
-Кратко време се печат, да не потемнат.
-Потоа едно со друго ги лепиме со мармалад.
-Залепените колачи ги макаме во садовите каде се разредени екстратите со малку вода.
-И на крај, во шеќер кристал.
-Иако делуваат едноставни и има мешавина од вкусови со екстратите, баш тоа ги прави да се многу вкусни. Па пробајте кога ви се брза а ве мрзи да ги длабите, направете ги вака, нема да зажалите.
-Добар апетит!
П.С.> Овие на сликата ги шараше мојата ќерќичка, која ми беше помошник хехе