
Моето тирамису
Предлог за моето тирамису.
1. Изматете ја слатката павлака пенесто. Јас матев доста долго време. Додадете го маскарпонето и мешајте убаво да се соедини смесата.
2. Кафето во гранули попарете го со мешавина од млеко и вода. По ваша желба ставете шеќер. Додајте му го румот. Секоја пишкота натопете ја во течноста е редете ја во долгнавеста тава.
3. Редете еден ред пишкоти еден ред фил.Така повторете ја постапката додека имате пишкоти. Завршете со филот и израмнете. По ваша желба попрскајте какао или чоколаден прелив.
Оставете да се стегне, па сечете на парчиња со дебелина од еден прст.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Добро е и вака )))