Моето тирамису
Состојки
- 1 пакување пишкоти за тирамису
- 2 шолји кафе во гранули
- 1 литар слатка павлака
- 2 пакувања маскарпоне (едно пакување 200 гр)
- 3 лажици рум
- 200 мл млеко
- 200 мл вода
Подготовка
Предлог за моето тирамису.
1. Изматете ја слатката павлака пенесто. Јас матев доста долго време. Додадете го маскарпонето и мешајте убаво да се соедини смесата.
2. Кафето во гранули попарете го со мешавина од млеко и вода. По ваша желба ставете шеќер. Додајте му го румот. Секоја пишкота натопете ја во течноста е редете ја во долгнавеста тава.
3. Редете еден ред пишкоти еден ред фил.Така повторете ја постапката додека имате пишкоти. Завршете со филот и израмнете. По ваша желба попрскајте какао или чоколаден прелив.
Оставете да се стегне, па сечете на парчиња со дебелина од еден прст.
Нека ви е слатко.