Милкшејк за добро утро
Милкшејк добро утро - бидејќи ова е прекрасен начин да го започнете денот. Многу е освежителен и брзо се спрема, додека го варите кафето - готов е.
Сите состојки ги ставаме во блендер убаво да се соединат, истураме во чаша и декорираме со една јаготка и шлаг пена.
Доколку немате блендер ( ко јас ) можете да користите сецко.
Состојките се за 1 чаша од 0.33 мл .
На сликата имам две чаши - втората е со јогурт ( таа што е без шлаг). Истите состојки и истиот начин на подготовка, само што ќе го изоставите медот, а може да додадете овесни снегулки и ќе добиете појадок во чаша.
Кој ќе го подготвите зависи од вкусот дали сакате со јогурт или млеко. Јас ви ги препорачувам двата.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови