Прво во млаката вода се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно.
Убаво се промешува и нека се активира.
Потоа постепено се додаваат јогутот и топлото млеко, сол, масло, јајце и постепено од брашното.
Се замесува средно тесто.
Се покрива со крпа и се остава на топло да го зголеми својот волумен.
Втасаното тесто се дели на 7 топки.
Една топка се става во средината на тавче бр 26.
По желба може да се направи украс од тесто со помош на алатка.
Сега останатите 6 топчиња се сучат во мали корички.
Танко се премачкуваат со свинска маст.
Се редат една врз друга.
Од вака добиеното купче се сучи правоаголна долга кора ( отприлика околу 70-80 цм)
На растојание од 2-3 цм се прават траки со алатка за пица, но не до крајот на кората.
Сега се завиткува во ролат.
Внимателно се пренесува во тавчето.
Сe премачкува со изматено јајце, се наросува наизменично со бел и црн сусам.
Се остава да кисни на топло околу 30 минути.
Се печи на 200 степени, убаво да зарумени.
Испечена се става на кујнска решетка да се излади.

Јас правев две погачи, а втората ја завиткав како што е на последната дополнителна слика

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани