Меџик торта (без миксер)
За оваа тортичка не мора миксер. Доволна е само жица за матење.
Најпрво карамелизирајте го шеќерот. Потоа додадете го маргаринот и 4те лажици слатка павлака, па мешајте на слаб оган додека се растопи карамелизираниот шеќер.
Измешајте ги сувите состојки.
Изматете ги јајцата и потоа додадете ги во сувите сосотјки заедно со слатката павлака и растопениот карамелизиран шеќер, кој предходно сме го оставиле малку да подолади.
Во сето ова на крај, се додадва исцеден сок и кората од портокалот и се убаво се меша.
Смесата се истура во калап бр. 26 добро намастен и по желба предходно обложен со пек-хартија и се печи на 190С.
Се топат чоколадата со маслото на пареа. Се додава слатката павлака и убаво се хомогенизира смесата, па со неа се прелива подизладениот колач.
Лиценца: Сите права се задржани