Медени сваќи
Инспирирана и воодушевена од Вас и вашата кулинарска умешност и креативност, без многу двоумење решив да ви се придружам, затоа што сум и јас љубител на кујната. За прв рецепт одбрав едноставни вкусни колачи, а подготовката оди вака
1. Во длабок сад јајцата и шеќерот ги матиме со миксер, додека шеќерот не се растопи.
2. Во друг сад на страна ги составуваме сувите состојки-брашно, сода бикарбона.
3. Во садот со јајцата ги додаваме медот и сувите состојки. Постепено со рака замесуваме средно-тврдо тесто. Развлекуваме кора со дебелина од 0.5 мм и со тркалезна модла вадиме тркалезни форми и ги редиме во тава за печење обложена со хартија.
Печеме на загреана рерна 20 минути на 190 степени.
На тивок оган со 3 лажици масло растопете го чоколадото и чоколадирајте едно по едно. Декорирајте со сецкани ореви додека не е стегнато чоколадото.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Kolacinjata ubavi, a imeto epten interesno! :-)
А името на колачите се надевав дека ќе биде интересно.
Ме правите среќна :)
Можеби сме комшивки :)
Убаво е што имаш убави спомени во Прилеп :)
Јас си помислив и ти да не си мажена во друг град хахаха :)