Испечати

Медени сваќи

Медени сваќи

Состојки

  • тесто
  • 4 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 6 лажици мед
  • 700 гр брашно
  • 2 лажички сода бикарбона
  • за глазура
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 3 лажици масло
  • по потреба сецкани ореви

Подготовка

Инспирирана и воодушевена од Вас и вашата кулинарска умешност и креативност, без многу двоумење решив да ви се придружам, затоа што сум и јас љубител на кујната. За прв рецепт одбрав едноставни вкусни колачи, а подготовката оди вака

1. Во длабок сад јајцата и шеќерот ги матиме со миксер, додека шеќерот не се растопи.

2. Во друг сад на страна ги составуваме сувите состојки-брашно, сода бикарбона.

3. Во садот со јајцата ги додаваме медот и сувите состојки. Постепено со рака замесуваме средно-тврдо тесто. Развлекуваме кора со дебелина од 0.5 мм и со тркалезна модла вадиме тркалезни форми и ги редиме во тава за печење обложена со хартија.

Печеме на загреана рерна 20 минути на 190 степени.

На тивок оган со 3 лажици масло растопете го чоколадото и чоколадирајте едно по едно. Декорирајте со сецкани ореви додека не е стегнато чоколадото.