![Мафини со јаболко](https://moirecepti.mk/content/uploads/2013/04/63-800x600.jpg)
12
апр
2013
Мафини со јаболко
Со жица убаво изматете го јајцето со шеќерот.
Додајте ги маслото, сокот и пак промешајте.
Пецивото измешајте го со брашното и постепено додајте го во смесата.
На крај додајте ги јаболките изрендани на тенки ленти и циметот.
Убаво измешајте ја смесата .
Калапот за мафини премачкајте го со масло и во секоја празнина нанесете од смесата.
Печете на 180 степени, 15-17 минути.
Лиценца: Сите права се задржани