Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме овесното брашно, интегралното брашно, пецивото, солта, содата бикарбона и какаото. Промешуваме со лажица.
2. Во сувите состојки ги додаваме маџунот и млекото. Мешаме да се соединат состојките. Го додаваме кокосовото масло, промешуваме.
3. Во смесата ги додаваме црешите и сецканото темно чоколадо (околу 20тина гр. оставаме за одозгора на мафините). Со смесата ги полниме калапите за мафини, во кои имаме ставено хартиени корпиња. Полниме до 2/3 од корпињата. Врз секоја мафина ставаме по 2-3 коцки темно чоколадо.
4. Печиме во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. Оставаме да се изладат, послужуваме.

*Забелешка:  Јас како засладувач користев домашен течен маџун без додаток на шеќер. Доколку го замените со друг засладувач, проверете ја густината, може ќе треба малку да зголемите на количината на млеко.
• Кафеавата боја главно ја имаат од маџунот, но доколку ставите друг засладувач ќе треба да ставите 2-3 лажици какао за убава кафеава боја, или да го изоставите какаото па ќе имате светли мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани