Мини тарт со костени и темно чоколадо
Едноставен есенски десерт.
1. Тестото го подготвуваме на вообичаен начин. Путерот исечен на коцки го втриваме со прсти во брашното и шеќерот додека да добиеме изглед на мокар песок. Додаваме млеко, лажица по лажица, додека да формираме тесто. Завиткано во најлонска фолија го оставаме тестото во фрижидер најмалку половина час.
2. Го расукуваме оладеното тесто во тенка кора и вадиме кружни форми во зависност од големината на калапите за тарт. Ги префрламе формите тесто во калапи, така да биде покриено дното и страните. Печеме на 180 степени, 15-20 минути. По печење оставаме целосно да се оладат пред да ги филуваме.
3. Чоколадото го топиме и го оставаме да се олади.
4. Ги мешаме чоколадото, пирето од костени, кокосовото млеко и агаве сирупот во блендер или процесор, додека да добиеме изедначена смеса. Вака подготвениот фил го префрламе во покриен сад и го оставаме во фрижидер најмалку 4 часа.
5. Со помош на шприц за декорација филуваме.
*Забелешка - Бидејќи не успеав да најдам готово пире од костени, го подготвив од варени костени.
Лиценца: Сите права се задржани