Ми личат на турбани. Рецептот шета по интернетот, кај мене има само една мала измена која настана после испробувањето на оригиналниот
Припрема
- Растворете го квасецот со млакото млеко, додадете лесно разматените јајца, брашното измешано со солта и шеќерот, измесете тесто, а домесете го додавајки го зејтинот. Оставете да стаса.
- Стасано тестото поделете го на 24 дела (мерени по 65 гр.едно топче), расукајте од секое топче кора 18х14, на половина од кората исечете ленти широки околу 1 см. На другата половина од кората ставете од сирењето, замотајте кифла, замотајте ја околу себе и ставете во калапот за мафини. Така со сите топчиња. Оставете да стасат, премачкајте со жолчка сматена со малку масло, посипете сусам. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени.
Совет
Наместо крем сирење користете слободно урда или некој друг фил кој вие ќе си го изберете, а јас денес им ставив кисела павлака. На дополнителната фотографија ќе видите како изгледа пресекот со киселата павлака. 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани