7
авг
2014
Мармалад од праски и диња
Идеален за палачинки, а и како појадок намачкан на лебче е вистинско задоволство.
Дињата и праските се лупат и во блендер се блендираат, се ставаат на оган и се остава да врие 15 минути со повремено мешање. Потоа се додава шеќерот и повторно се вари уште 15 минути бидејки откога ќе се додаде шеќерот смесата станува по течна. После 15 минути од варењето се истура пакетчето со џемфикс и се вари уште 1 минута. Се истура во тегли и секоја тегла убаво се затвора и се превртува наопаку да стои 10 минути.
Каранфилчето се додава пред да се додаде џемфиксот, а се вади откога ке се тргне мармаладот од оган.
На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови